Прилеп што се грижи за младите: ЗНАМ ветува мерки против булинг, стипендии за дефицитарни кадри и бесплатни дигитални курсеви за млади (ВИДЕО)

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија – Прилеп во своето ново видео-обраќање го става фокусот на младите, нивната безбедност, образование и идни можности.

Кандидатите за советници порачаа дека борбата против врсничкото насилство (булингот) мора да стане приоритет во локалните политики на идната локална власт во Прилеп. Преку едукативни активности во училиштата и подигнување на свеста кај учениците, наставниците и родителите, тие предлагаат системски пристап за превенција и поддршка на жртвите на насилство.

Под мотото „Прилеп учи дигитално“, ЗНАМ предлага воведување бесплатни курсеви за дигитални вештини за деца и млади, со цел тие да се подготват за вештините што ги бара современиот пазар на труд.

Дополнително, партијата најавува стипендии за ученици во дефицитарни струки – заварувачи, бравари, водоинсталатери, електричари и други – како поддршка за младите кои сакаат да останат и да работат во својот град.

„Нашата визија е Прилеп каде секое дете учи без страв, секој млад човек има шанса, а насилството нема место во училиштата,“ порачуваат од Движењето ЗНАМ за Наша Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.