„Прилеп Фест 2024“: Потврден датумот за незаборавна вечер со ѕвезден музички состав

На 1 ноември 2024 година, љубителите на фолк музиката ќе имаат можност да уживаат во деветтото издание на реномираниот фестивал „Прилеп Фест 2024“, кој традиционално ќе се одржи во домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп. Фестивалот оваа година ќе собере некои од најголемите имиња од македонската фолк сцена, како Наум и Зуица, Анета Љумаковска, Перо Христов, Татијана Стефановска, Спасен Сиљановски, Елена Велевска, Чеде Спасиќ, Стојне Николова, Дамјан Димевски, Адријана Ацевска, Ташко Карафиловски, Лилија Семкова, Бојан Палиќ, Сања Барбика, Суад Усеин Цуле, Вукица Челебиева, Мики Тра ла ла, Жаклина Маркоски и Група Фортуна.

Освен што ќе донесе добро познати музички ѕвезди, фестивалот останува верен на својата традиција да им даде простор и на новите музички надежи, овозможувајќи им афирмација пред широката публика и љубителите на фолк музиката. Организаторите ветуваат вечер исполнета со нови композиции, одлична музика и неповторлива атмосфера, при што се очекува фестивалот да привлече гости и од соседните земји.

На 1 ноември, домот на културата „Марко Цепенков“ ќе биде центар на фолк музиката и забавата – резервирајте го датумот и подгответе се за незаборавно доживување на „Прилеп Фест 2024“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.