“Прилеп Фест” заокружува уште едно успешно издание

Прилеп Фест го закружи и седмото успешно издание на фестивалот за авторска народна музика. На фестивалот учество зедоа најзвучните имиња на македонската естрада, а промовирани беа 18 нови песни.

Како што соопштуваат од Советот на фестивалот, целта на овој настан е проширување на културната свест на македонскиот народ и зголемување на љубовта кон македонската песна. Секако и вбројување на Прилеп во големото семејство на градови во кои се организираат музички и културно – уметнички настани од национален интерес.

На фестивалот беа доделени и ревијални награди за општината како благодарност за безрезервната поддршка и придонес во реализација на овој настан, награда за трајни вредности постхумно доделена за Милан Завков и награда за животно дело и трајни вредности која постхумно беше доделена за Гога Зафироски. Наградата ја подигна неговиот син Сашо Зафироски, автор на песната “Песна за Прилеп” која секојдневно одекнува од Саат-кулата во Прилеп.

Генерален покровител на фестивалот и оваа година беше Општина Прилеп, а генерален медиумски покровител Македонската Радио Телевизија.

Спонзори на фестивалот беа: Де-Ни Мебел генерален спонзор, хотел Атлас, хотел Монтана, хотел Салида, Македонска Куќа Прилеп, слаткарница Шар, ТРИО, РС 99, Месна индустрија Дрцко, Ема Плејс, Сваќаро – export-import and processing company, Зенит, портал Маркукуле, Инфо-Компас, Пела Радио, Радио Мефф, Радио 5 и радио Холидеј.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.