Во Прилеп во текот на вчерашниот ден во 13 часот и 10 минути М.Б. пријавила дека во периодот од 22.00 до 12.45 часот, возило „Даеву Нубира“ со прилепски регистарски ознаки на нејзината мајка, кое било паркирано на улицата „Димо Наредникот“, било оштетено.
Од извршениот увид било констатирано дека возилото е оштетено на задниот дел од експлозија на импровизирана експлозивна направа. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полицијата.
Повредени лица за среќа нема. Во врска со настанот повикани биле две лица од Прилеп и, со Наредба за претрес на дом и помошни простории, извршени биле претреси кај истите. Кај едниот не било одземено ништо, додека кај другиот биле одземени повеќе предмети за понатамошна постапка.