На 19.06.2024 во 20:20 часот на ул. “Васко Карангелески” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Б.Д. (39) од Прилеп, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија и затоа што претходно Б.Д. го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз неговиот брат.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.