Прилеп се разбуди под снежна покривка, граѓаните “чадат” од нервоза и мака мачеа да стигнат на работа (ФОТО/ВИДЕО)

Снежните врнежи кои од синоќа ја зафатија Македонија не го одминаа ниту Прилеп. Утрово градот под Марковите Кули се разбуди под снежна пoкривка, а граѓаните мака мачеа да стигнат до работните места поради неисчистени коловози.

Според наши информации обврската за чистење на снегот оваа година ја има Јавното комунално претпријатие “Комуналец”, од каде не може да се забележи активност на улиците утрово.

Освен улиците и булеварите, не се воопшто исчистени ниту пешачките патеки, плоштадите…па апел граѓаните да бидат внимателни кога се движат и со автомобилите и пеш низ градот.

Наши читатели од рано утрово ни испраќаат фотографии од заглавени автомобили на кружните текови, каде возачите мака мачат да поминат.

Да се надеваме дека надлежните час поскоро ќе реагираат и снегот ќе биде расчистен од коловозите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.