Граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија” вечерва го објави македонскиот народен документ во кој како единствено барање од сега на граѓаните кои ја поддржуваат оваа иницијатива ќе бидат нови избори .
“Од денес натаму ИЗБОРИ се основното барање на Граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“, на сите Македонци, Абанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци кои нè поддржуваат. Ова барање е логичен и рационален продолжеток на сите наши досегашни цели. И затоа велиме
НЕ ЗА ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА!
ДА ЗА ИЗБОРИ ЗА ФИНАЛНА ПОБЕДА!
И сакаме да порачаме јасно и гласно
ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА НЕМА ДА ЈА ИМА! ИЗБОРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА!”, стои во документот на граѓанската иницијатива кој вечерва беше прочитан во главниот град.
Прилеп и прилепчани со радост ја примија оваа вест и вечерва најмасовно одново излегоа низ улиците приклучувајќи се кон македонскиот народен документ “Избори се за Македонија”.
Борбата за татковината е тешка и макотрпна, но граѓаните не се откажуваат и нема да дозволат идните поколенија во догледно време да ги колнат, за тоа што дозволиле некој да им ја продаде честа и достоинството.
Од денес па понатаму единствено барање на маршот “За заедничка Македонија” и во Прилеп, ќе биде барањето за нови избори, на кои граѓаните ќе се изјаснат дали ја поддржуваат платформата од Тирана, или сакаат држава во која ќе се почитуваат правата на сите граѓани, но и држава во која нема да се гази врз правата на мнозинството, а тоа се Македонците.
А.Г.