Прилепчани деновиве одново дишат екстремно загаден воздух. Мерната станица која е сместена на општинската зграда, вечерва покажува загаденост од 261 микрограми ПМ-10 честички.
Ништо подобра не беше состојбата и во изминатите денови, а граѓаните се жалат на социјалните мрежи дека загадениот воздух им предизвикува гребење на грлото, задишаност, како и непријатна миризба на облеката.
Граѓаните спас бараат на повисоките места од каде може да се забележи дека градот е покриен од облаци од магла и загаден воздух.
Колку и убаво да изгледаат овие фотографии, не е ниту малку пријатно кога се движите во нив.
(Видео снимка од кај манастирот Св. Димитрија над село Селце)
Kвалитетот на воздухот во Прилеп следете го ТУКА