Силни, обединети и никогаш поединствени, прилепчани масовно излегоа и одново ги исполнија градските улици.
Целта е една, зачувување на унитарноста на државата, зачувување на македонскиот идентитет, посебноста на македонскиот народ и македонската нација.
Речиси и да не постои граѓанин кој не почувствува оган под нозете овие денови, речиси да не постои граѓанин кој не се почувствува загрозен и понижен, од прифаќањето на така наречената постизборна “албанска платформа” oд страна на лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Вечерва во Прилеп осамнаа бројни пароли низ бројната толпа, сите насочени кон оние кои за фотеља и лагоден живот се спремни да продадат се’ и да дозволат газење врз македонската чест и достоинство.
Граѓаните покажаа дека се со татковината и дека се подготвени да ја бранат.
Протестите под “Маркови Кули” продолжуваат и утре, со почеток од 18 часот, пред хотел “Липа”.