На 23.04.2024 во 18.45 часот на ул.„Дабничка“ од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп бил даден знак за запирање на возило управувано од А.А.(20) од Прилеп, но тој не ја испочитувал наредбата, продолжил да се движи и од возилото исфрлил ќеса со марихуана.
По комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.