По трите врзани порази против Бутел, Вардар и Тиквеш, прилепчани конечно забележаа триумф, овојпат на гостувањето кај секогаш незгодната Струга.
Крајниот резултат на семафорот беше 31:34, за трета победа на РК Прилеп сезонава и седум бода на табелата. Вистински херој за прилепчани беше голманот Стефан Христоски кој натпреварот го заврши со неверојатни 15 интервенции, а неговите одбрани во голови ги претвораа Давид Трајкоски, кој постигна 10 погодоци, Томислав Квастек натпреварот го заврши со осум, додека Никола Цветаноски беше шест пат прецизен.
Во наредното коло кое се игра на 03.11., екипата на РК Прилеп го пречекува РК БИСИНОВ ФРУИТ ЛЕНД.