ПРИЛЕП ОДНОВО ЌЕ ЕЧИ: Во 18 часот целиот град е пред хотел “Липа”

BeFunky-Collage5

Изминатата недела прилепчани најжестоко се спротивставија на прифаќањето на така наречената “албанска платформа” од страна на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Граѓаните на градот херој, масовно излегоа на градските улици и го искажаа својот револт.

Секој ден се помасовни, на протестите се приклучуваа голем број неопределени граѓани, како и граѓани кои важат да поддржувачи на СДСМ и други политички партии.

Вечерва одново градот ќе ечи! Под иницијативата “За заедничка Македонија”, прилепчани одново ќе ги исполнат улиците, одново ќе одекнат патриотски песни кои ќе допрат до сечие срце.

Почетокот на мирниот протест е закажан за 18 часот, пред хотел “Липа”.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.