Прилеп и прилепчани обединети и со една идеја, нови парламентарни избори, за крај на политичката криза во Македонија и шанса граѓаните да се изјаснат за или против платформата од Тирана.
Веќе 58 дена траат протестите “За заедничка Македонија” и во градот под “Марковите Кули”, каде поддршката за оваа граѓанска иницијатива е една од најмасовните.
Граѓаните не се откажуваат од идејата за спречување на продажбата на националните интереси и државните симболи и секоја вечер жестоко се спротивставуваат кон предавниците на сопствениот народ, како што ги нарекуваат прилепчани првите луѓе на СДСМ.
Прилепчани вечерва громогласно го поздравија Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов и му честитаа за наградата „Неговата Светост Патријарх Московски и на цела Русија Алексеј Втори“ која ќе му ја додели лично Патријархот на Руската православна црква, г.г. Кирил.
Пред граѓаните вечерва се обрати Д-р Јово Бурнески, кој преку патриотски говор пренесе моќни пораки до илјадниците прилепчани.
Протестите “За заедничка Македонија” во Прилеп продолжуваат и утре, со почеток од 19 часот пред хотелот “Липа”.