РК Прилеп е непрепознатлив и воопшто не наликува на тимот во регуларниот дел од сезоната на ракометната Супер лига.
Синоќа прилепчани запишаа нов триумф над Вардар Неготино (27-22), и сигурно чекорат кон сигурен опстанок во најелитниот ракометен ранг и идната сезона.
Прилепчани во првиот дел одиграа одлична одбрана, го контролираа резултатот во најголемиот дел од натпреварот и не дозовлија гостинот да има премногу шанси да дојде во позиција за гол.
На полувремето прилепчани имаа огромна предност од 17:9, а гостите од Неготино се консолидираа во вториот дел, па во еден момент стигнаа до 3 гола негатива 22:19.
Тоа беше аларм за момците на Божидар Мојсов, кои одново го најдоа својот ритам и стигнаа до заслужениот триумф на крајот.
Прилеп останува непоразен со 5 победи и 1 нерешен резултат, а во наредното коло следува гостувањето кај вториот тим на Еурофарм Пелистер.