Прилеп На Точак: Во градот има место насекаде за велосипедски патеки, многу малку е потребно (Фото)

Прилеп има неколку велосипедски патеки, кои најверојатно или ги немате забележано или ги избегнувате затоа што се во многу лоша состојба. Оние кои се изведени во едни други времиња, никој до сега не се потрудил да ги да реконструира, додека пак и тие и оние најновите не се соодветно обележани. А многу малку е потребно – велат од иницијативата “ПрилепНаТочак”

Доколку постојат вело-патеки кои велосипедистите не ги користат, значи дека не се соодветно направени. Вака треба да изгледа една добро обележана велосипедска патека.

Јасно означена, издвоена со посебна боја од тротоарот, видлива за за сите учесници во сообраќајот.

Често одговорот е дека улиците во нашиот град се тесни и нема доволно место за велосипедски ленти и тротоари.
Но, секојдневно сме сведоци дека има паркирани автомобили на сред коловозни ленти, со изговор “се враќам за 5 минути“, “само да завршам работа“, “чекам некого“?

Пред кафичи само да пијат кафе, пред трафики само да купат цигари, пред обложувалници само да уплатат ливче, пред банкомати само да извадат пари…

Како тоа градот секогаш има место за цели резервирани ленти кои се блокирани од паркирани коли, а нема место за велосипедски ленти на кои ќе се одвива велосипедски сообраќај?

“Зелен сообраќај. Ведар сообраќај. Луѓе со насмевки, луѓе што размислуваат за помал метеж, поевтин транспорт, почист град, подобро здравје… Наместо МРТВИ ЛЕНТИ ни требаат ВЕЛОСИПЕДСКИ ЛЕНТИ на кои ќе се одвива ЖИВ велосипедски сообраќај! Место има насекаде низ градот. Треба само поинаков поглед”, пишуваат од иницијативата “Прилеп на точак”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.