Силно невреме проследено со пороен дожд, грмежи и град, и денеска го погоди Прилеп и прилепскиот регион.
За половина час во градското подрачје наврна толку многу дожд што предизвика поплави по улиците. Сообраќајот низ градските булевари се одвива отежнато, а граѓаните сведочат дека има заглавени возила на некои места.
Од УХМР најавуваат врнежите да продолжат и во текот на ноќта, но и во наредните денови. Стабилизирање на времето се очекува од четврток.