На 22.03.2019 година околу 18,30 часот било пријавено дека во Прилеп на улицата “Адем Адемоски“ В.П.(77) се обидела да влезе во куќата на нејзината ќерка К.Н. и зет Љ.Н. и по кратка вербална расправија со нејзиниот зет кој не ја пуштал да влезе, во еден момент ја турнал и паднала на скалите пред влезната врата од куќата – пишува во полицискиот билтен на МВР.
Од падот се здобила со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Општата Болница-Прилеп.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот/