Прилеп лидер во легализацијата на дивоградби на ниво на Македонија

Прилеп е лидер на ниво на Македонија во легализацијата на дивоизградените објекти. Досега се легализирани околу 9.000 вакви градби. Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој денеска ја посети Агенцијата за недвижности и катстар истакна дека урбанизацијата на Прилеп одела во една напредна фаза, а за тоа главна улога секако имал државниот катастар.

prva

„Посебно искажувам голема благодарност до Катастарот за легализацијата на дивоградбите. Прилеп е лидер во Македонија во однос на легализацијата на овие објекти, а еден од алките во тој систем секако е и државниот Катастар. Нормално заслуга тука имаат и Секторот за урбанизам, а освен државниот катастар тука се и приватните катастри кои секогаш се експедитивни во издавањето на решенија за легализирање на диво изградени објекти. Посакувам и понатаму да имаме одлична соработка и да бидат уште повеќе транспарентни и услужливи спрема граѓаните на Прилеп“, рече Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

_mg_1548

Од Агенцијата за катастар и недвижности истакнаа дека граѓаните имале огромен бенефит од големиот број на закони кои биле донесени во последниот период.

„Имаме многу заеднички проекти и закони кои ги спроведуваме заеднички со локалната самоуправа. Посебно можам да кажам дека успешно се спроведуваат законите за легализирање на диво изградени објекти. Тука можам да го кажам и законот кој е поволен за социјално ранливите категории за кои изработуваме бесплатни геодетски елаборати, кои пак понатаму одат во надлежност на локалната самоуправа. Посебно морам да кажам и за успешно спроведување на договорите за отуѓување на градежно земјиште кои по електронски пат ни ги доставува локалната самоуправа, каде што граѓаните по поволна цена можат да бидат сопственици на земјиште како и многу други закони ги спроведува Агенцијата во соработка со локалната самоуправа“, истакна Жаклина Кондовска, раководител на Агенција за недвижности и катастар Прилеп.

_mg_1552

На средбата беше потенцирано дека оваа плодна соработка на секое поле помеѓу Агенцијата за катастар и недвижности и локалната самоуправа на Прилеп ќе продолжи со несмалено темпо.

treta vtora

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.