Прилеп има со што да се гордее: Арсениј и Анастасија ги собираат сите награди – уживајте во овие прекрасни изведби (Видео)

Младите пијанисти од Прилеп, Арсениј Ангелески и Анастасија Петреска по којзнае кој пат докажаа со каков музички талент располагаат.

На Интернационалниот натпревар “Моцарт” во Хрватска, кој се одржа онлајн, Арсениј и Анастасија освоија први места во своите категории.

На натпреварот учествуваа 201 пијанисти од 33 земји ширум светот, а жирито го сочинуваат еминентни педагози и пијанисти од Хрватска, Црна Гора, Русија, Македонија и Германија.

Арсениј во категоријата 7 освои 96 поени, а Анастасија во 6 категорија доби 94.

Во продолжение слушнете ги нивните прекрасни настапи:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.