Прилеп има вистински млади шампиони.
Константин Костоски и Андреј Маџоски од Велосипедскиот клуб “Сервис Илинден” од Прилеп се апсолутни шампиони во нивните младински конкуренции во друмски велосипедизам за сезоната 2020.
Константин стигна до шампионската титула до 13 години со освоени 75 бодови, а Андреј во конкуренција до 15 години освои исто толку.
И двајцата се победници на сите трки оваа година, а Константин е во победничка серија која трае од септември минатата година.
Овие млади дечки имаат блескава иднина пред себе и од нив можеме да очекуваме само успеси.
Секако огромен придонес во нивниот успех има тренерот на клубот, Драган Димитријоски, кој одлично ги води дечките до посакуваната цел.
Клубот “Сервис Илинден” заврши на првото место и на табелата во екипна конкуренција за велосипедисти до 13 и 15 години, со 197 бодови.
Од наредна сезона и Константин Костоски и Андреј Маџоски одат во повисок ранг на натпреварување.
За одбележување се и освоените бодови на Христијан Трпкоски и Димитар Шукалоски, со чија помош клубот го освои првото место во екипна конкуренција.