Прилеп има амбасадори насекаде: Чатлески викедов се во Латвија – се бираше нов претседател на Европската Боксерска Унија (Фото)

На 4 јуни 2022 година во Рига, Латвија, се одржа Генералното годишно Собрание на Европската Боксерска Унија Е.Б.У за професионален бокс. На Собранието учествуваше и македонската асоциација Про Бокс Македонија, а делегат беше спортската легенда од Прилеп, Дарко Чатлески.

На ова Собрание се одржа редовен избор на Претседател и членови на Управен одбор. За нов претседател беше избран г-дин Петер Стуцки од Швајцарија.

Чатлески ни ги пренесува најважните одлуки од ова Собрание:

-Агендата имаше 14 точки, а најголем акцент се стави на заштита на здравјето на боксерите. Постојните мерки за прегледите на боксерите да се почитуваат и да не се прават отстапки. Еден од најважните прегледи на професионалните боксери е МРИ на глава.

Разговаравме со новиот претседател Петер Стуцки, кој истакна дека е задоволен од работата на Про Бокс Македонија. Договоривме во блиска иднина претседателот П.Стуцки и дел од одборот на Е.Б.У да бидат гости во нашата земја – ни изјави Дарко Чатлески.

Следното Генерално Собрание ќе се одржи во 2023 година на Малта.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.