“Прилеп За Сара” – Во среда голем хуманитарен концерт во Прилеп, да помогнеме сите за спас на еден млад живот!

Сара Настеска има потреба од наша помош. За да се спаси животот на 15-годишното девојче од Охрид, мора да му биде извршена трансплантација на коскена срж.

Сара боледува од апластична анемија, болест која ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот.

Нејзиното 13-годишно братче Виктор е единствен сроден донатор, кој ќе ѝ донира коскена срцевина. Меѓутоа, за трансплантацијата потребни се над 200.000 евра кои родителите не можат сами да ги обезбедат. Оперативниот зафат планирано е да биде направен на детска клиника во Германија.

Покажете ја вашата хуманост и заедно да ѝ помогнеме на Сара да продолжи да му се радува на животот.

Телефони за донации:
TELEKOM: 143 102
VIP: 143 480
(со секој повик донирате 100 ден.)

Жиро сметка: 200 0015579596 72
Банка: Стопанска банка АД Скопје
Горан Настески

За 15-годишното девојче од Охрид се разбуди цела Македонија, а во хуманитарната акција се вклучија и прилепчани.

Во среда 31 октомври, со почеток од 19:00 часот, во домот за култура “Марко Цепенков” ќе се одржи хуманитарен концерт насловен како “Прилеп За Сара”.

До сега потврдени изведувачи сме ние The Hounds (Прилеп), легендарните прилепски рокери Бен Хур (Прилеп), Cyrillic (Прилеп), Room 313 (Прилеп), Led Robot – Robbie Ray (Прилеп), Dj Dejan Pete (Прилеп), Кристијан Наумчески Dj Mamli (Прилеп) Dj Neox (Битола), Dj Chiko(Битола), а водител ќе биде Милан Секулоски.

Настанот е во организација на ЈАВЕН ПРОСТОР ПРИЛЕП, КАФЕ ЧОШЕ, ЛУНА ТРИНИТИ и со поддршка од Домот за култура “Марко Цепенков”

Отворено се поканети сите кои сакаат да учествуваат во музичкиот дел на хуманитарната недела за малечката Сара.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.