Прилеп е расадник на талентирани шахисти! Одлични резултати од шаховскиот камп во Крагуевац (ФОТО)

Од 21 до 26 август во Крагуевац, Србија, се одржа шаховски камп на 110 талентирани деца до 16 години од 14 европски земји.

Покрај часовите по шах и симултанките, се одржаа и неколку турнири. Меѓу децата имаше и група од млади шахисти од Прилеп, кои постигнаа извонредни резултати.

На рапид турнирот, во категорија до 16 г. прво место освои Никола Павлески, а трет беше Давид Маркушески. Во рапид турнирот кај девојчињата второ место освои Теодора Ѓорѓиеска.

Додека во категорија до 12 г. кај девојчињата и во рапид и во блиц турнирот прво место за талентираната Маја Дамеска.

Убави резултати за младите шахисти и нивните тренери Тони Кироски и Дејан Ѓорѓиески. Честитки за успехот!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.