ПРИЛЕП ЕДЕН ОД НАЈШТЕДЛИВИТЕ И НАЈОСВЕТЛЕНИТЕ ГРАДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА

Општина Прилеп како најголема по површина од сите општини во Република Македонија распослага со околу 5.000 светилки претежно стари живини светилки распределени во градот Прилеп и околу 40- тина села.

6831-prilep-eden-od-najshtedlivite-i-najosvetlenite-gradovi-vo-makedonija-960x600-18

Состојбата во 2006 година беше таква да општината имаше буџет со кој најголем дел од средствата се трошеа за електрична енергија и мал дел за тековно одржување. Изградба на нови мрежи за јавно осветлување воопшто и немаше. Општина Прилеп успеа со сопствени средства во 2008 година да направи енергетска реконструкција на јавното осветлување со целосна замена на овие 5000 светилки со нови енергетски ефикасни светилки. Беа заменети сите живини светилки со натриумови и флуоросцентни.
Висината на проектот беше околу 18 милиони денари , а проценетата заштеда на електрична енергија од околу 50% на годишно ниво. Повраток на средствата беше очекуван на 3 години, но со покачувањето на цената на електричната енергија истиот се смали на 2,5 години. Во бројки тоа е околу 8 милиони денари на годишно ниво во 2008 година односно 10 милиони денари во 2012 година.

6831-prilep-eden-od-najshtedlivite-i-najosvetlenite-gradovi-vo-makedonija-960x600-15

6831-prilep-eden-od-najshtedlivite-i-najosvetlenite-gradovi-vo-makedonija-960x600-12
Со тоа Општина Прилеп се вбројува во првите општини која изврши ваква замена на светилките од јавното освелување. Ваквата заштеда не електрична енергија ни остави можност за инвестирање во јавното советлување што до тогаш не беше можно заради висината и распределбата на буџетот.

6831-prilep-eden-od-najshtedlivite-i-najosvetlenite-gradovi-vo-makedonija-960x600-11
Во периодот од 2008 до 2016 година изградено е ново осветлување на многу локации во градот, како во централното така и во периферното подрачје на градот како и во селата. Вкупната должина на новоизграденото јавно осветлување е околку 20 тина км. Би сакале да ги наброиме следните локации на кои е поставено јавно осветлување:
Пешачката патека во Варош, пешачки патеки на цветната улица кај бањата и зад сизот, пешачка патека кај градскиот пазар, паркот пред Комерцијална Банка, плоштадот пред домот на културата Марко Цепенков, старата чаршија, градскиот кеј од двете страни, ул. ,,Победа,, и ,,Павел Шатев“ во типската населба, паркот на Могилата, паркот кај судот, осветлување на кружниот тек кај поштата, улица ,,Дабнички завој“, ул. ,,Ердован Шабаноски“, ул. „Самоилова на влезот од населба Точила, ул. ,,Александар Македонски,,(влезот на градот) кај Лук Оил, клучката кај Лук Оил и клучката кај Салида, осветлување на споменик ,,Карпалак“, зградите на ул. „Велко Влаховиќ“ под касарните, ул. „11- ти Октомври“ во делот во градинката Тризла, ул. ,,Архимедова,, ул.,, Александар Македонски“, крак кај фабриката 11-ти Октомври, ул. „Тетовска“ ул. ,,Цане Кузманоски“, крак кај пивара, ул. ,,Ило Попадинец“ (кај бараките), ул. ,,Београдска“ , Трајко Николоски – дел кај мостот и магацините на поранешен Центо Промет, ул. ,,Андон Слабејко“, ул. „Савска“, парковска површина околу згради во населба ,,Вишне“ на ул. ,,Наум Наумоски Борче“, кружниот тек ул. „Александар Македонски“, ул. „11-ти Октомври“ и ул. „Октомвриска“, булеварот Гоце Делчев кај Жито Прилеп, парк во село Големо Коњари. Целосно е осветлено село Марул, село Волково, село Беловодица, село Штавица и други локации.

6831-prilep-eden-od-najshtedlivite-i-najosvetlenite-gradovi-vo-makedonija-960x600-10

6831-prilep-eden-od-najshtedlivite-i-najosvetlenite-gradovi-vo-makedonija-960x600-8

6831-prilep-eden-od-najshtedlivite-i-najosvetlenite-gradovi-vo-makedonija-960x600-7

6831-prilep-eden-od-najshtedlivite-i-najosvetlenite-gradovi-vo-makedonija-960x600-6
Сите овие новоосветлени локации се изградени токму со средствата кои општина Прилеп успеа да ги заштеди од електричната енергија преку замената на старите живини светилки со нови енергетски ефикасни и моментално се инсталирани околу 7000 светилки односно бројот на светилки е зголемен за околу 40%.
Тековното одржување е постојано и најголем дел од времето посветено на јавното осветлување е токму тековното одржување. Тоа се изведува секојдневно преку пронаоѓање и евидентирање на дефектите кои пак најчесто се пријавуваат од граѓаните и тоа преку проектот Пријави Проблем, а потоа нивно процесирање и предавање на изведувачот за нивно санирање.

6831-prilep-eden-od-najshtedlivite-i-najosvetlenite-gradovi-vo-makedonija-960x600-2
Тука е многу битно да се спомене дека општината нема доволно капацитет сама да ги пронајде и детектира овие дефекти на терен заради големата површина и големиот број на светилки, пак клучно е граѓаните сами да пријавуваат вакви дефекти. За таа цел и олеснување на сето ова е смислен токму проектот Пријави проблем така што секој граѓанин може да пријави проблем не само на јавното осветлување туку и други проблеми од комуналната природа на телефонскиот број 412 – 000 или преку веб страната на општината кај делот на Пријави проблем. Од кога ќе се евидентираат дефектите најпрво се прави селекција на тежината на проблемот во смисла колкав дел е од градот е останат без осветлување односно приоритет се дава на дефектите како останување без светло на пример цела населба или дел од градот или селата, а потоа на поправка на единечни светилки. Токму од овие причини може да се случи да поправката на единечна светилка подзакасни иако кон брзината на интервенција може да влијаат и самите временски услови, оддалеченоста која се јавува најчесто кај селата како и непрецизното пријавување на проблемот како во опис така и во точна адреса.

6831-prilep-eden-od-najshtedlivite-i-najosvetlenite-gradovi-vo-makedonija-960x600-5
Друг проблем кој што се појавува и влијае врз брзината на интервенција посебно кога имаме дефект на мрежата е редоследот на интервенирање и запазување на безбедноста. Најчесто овие дефекти се јавуваат кога има лоши временски услови ветер, силен дожд, снег и слично бидејќи најголемиот дел од мрежата на јавното осветлување е воздушна.
Од тие причини се појавуваат дефекти во исто време на мрежата на ЕВН пак мора да се чека да заврши интервенцијата и поправката врз нивнта мрежа, а потоа да се интервенира на нашата. Од друга страна пак сме ограничени и до самиот пристап во трафостаниците каде се сместени стартувачките уреди бидејќи истите се на ЕВН и потребно е нивно присуство.

Токму затоа зголемувањето на брзината на интервенција, општина Прилеп последниве 2 години и пристапи кон дислокација на овие уреди надвор од трафостаниците во разводни ормарчина во наша сопственост. Дислоцирани се вкупно 50 мерни места што е околу 40% од сите мерни места во градот но замената се планира да се продолжи до дислоциање на сите мерни места како во градот така и во селата. Тоа ќе ни даде поголема брзина на интервенција и можност инсталирање на други уреди за интелигентно управување со јавното осветлување кое би било во 2 фаза после завршувањето на целосната дислокација. Продолжуваме со активностите согласно програмата за јавно осветлување.

6831-prilep-eden-od-najshtedlivite-i-najosvetlenite-gradovi-vo-makedonija-960x600-4

Програмата за јавно осветлување се носи врз основа на прибраните барања од Урбаните заедници , увид на состојбата на терен и висината на средствата кои се прибираат од комуналната такса за јавно осветлување како и средствата собрани на име на т.н комуналии или на надоместок за уредување на градежно земјиште во кој одреден процент одпаѓаат за изградба на јавно осветлување.

Како и изминатите години програмата се движи во правец на задоволување на потребите за проширување на јавното осветлување, користење на енергетски ефикасни светилки со цел на заштеда на електрична енергија други софистицирани уреди за интелигентно управување со јавното осветлување, тековно одржување на постојното осветлување.

Приориteти во наредната година би биле:

Проширување на јавното осветлување кое ќе се фокусира на повеќе локации во градот пред се на оние каде што воопшто нема при што за таа цел:

Во тек е изработка на проектна документација за улиците: „11-ти Октомври,, од кружен тек ,,Солидност“ до мост „Табана“, ул. „Блаже Иваноски“ (дел), Ул. ,,Александар Македонски“ , ул. ,,Цар Самоил“, ул. ,,Раде Иваноски“, улица „Дебарца“, ул. „Савска“, ул „Кордун“, ул. „Ѓоре Ѓорески“, ул. „Архимедова“, осветлување на стадиони во село Алинци, Мало и Големо Коњари и други локации.

Оваа година или во текот 2017-та година пак е отпочнато изградба и реконструкција на јавното осветлување на ул. „Димо Наредникот“, ќе се изгради ново во индустриската зона Металец 1 на ул. „Велко Јанкулоски Стариот“, паркот пред театарот на ул. „Александар Македонски“, патот спрема село Селце со инвестиција од околу 2.200 000 денари како и осветлување на градскит стадион „Гоце Делчев“ донација добиена од УЕФА на околу 750 000 евра.

Понатамошна дислокација на контролните уреди за јавното осветлување кои сега се сместени во трафостаниците на ЕВН во посебни надворешни ормари со цел целосна контрола над истите од страна на ЕЛС Општина Прилеп и побрза интервенција при појава на дефекти. Ќе се изврши замена на одреден број на светилки со тие од поновите генерации како светилки базирани на лед технологија кои имаат поголем број на работни часови како и коефициент на полезно дејство односно добивање на повеќе светлина и животен век за помалку потрошена електрична енергија. Пред неколку години цената на истите беше драстично висока но моментално истата е падната на ниво кое е приближно на постоечките светилки со кои располагаме т.е во однос на натриумовите и флуоросцентните. Тоа ни дава можност со нивна инсталација да добиеме конкретни резулатати односно помали трошоци на одржување и поголема заштеда на електрична енергија и можност за постепено нивно целосна замена со новата лед технологија.

12345

Овие дополнителни заштеди би ни дале и можност за поставување на интелигентни уреди за далечинско управување со јавното осветлување што е би довело до полесно детектирање на дефекти побрза интервенција за поправка, целосен реалтајм увид на состојбата како и дополнителна заштеда во електрична енергија. Ова е завршна фаза во целосно модернизирање на јавното осветлување преку енергетска ефикасност како и навремено одржување преку елиминирање на факторот човек за детектирање на дефектите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.