Прилеп домаќин на Меѓународен меморијалeн турнир во орентација

Преку 200 натпреварувачи зедоа учество на Меѓународниот  меморијалeн турнир во орентација „Пеце Атанасоски“, кој по V-ти пат се одржува во Прилеп, но за прв пат има меѓународен карактер. На ова јубилејно петто издание, покрај македонски натпреварувачи, учевствуваат и тркачи, професионалци, аматери  и рекреативци од  други 12 земји: од  Австрија, Скандинавските земји и од Балканските земји.

img_0423

Натпреварувачите во зависност од категоријата и старосната граница, трчаат на три трки на различни должини.  Првата трка е  во центарот на градот, на скрин патеки, што значи патеки долги од 1 до 3 км.

Втората трка се организира кај Прилепското мермерно езеро, во должина од 4 до 8 км, а последната патека е во понеделник,10-ти октомври, во Варош и Камена баба, во должина од 3 до 6 км.

_mg_0455

Орентационото трчање не е класично трчање, затоа во него можат да учествуваат натпреварувачи од 7 до 77 годишна возраст. Станува збор за  натпреварување во орентација, кое се трча со помош на компас (восола) и се чита мапата, со цел да се помнат сите зададени контролни точки. А, за да се потврди дека натпреварувачот ги поминал сите контролни точки се користи електричен чип кои го носат натпреварувачите за време на трката и од кој се чита времето на поминување од една до друга контролна точка и за кое време  натпреварувачот ја поминал целата патека, зададена на мапата. „Се собира времето на секој натпреварувач  од трите трки и така  ќе се знаат кои ќе бидат победниците“- велат организаторите , од планинрското друштво „Златоврв“, задоволни од бројноста на учесниците.

_mg_0291

_mg_0304

_mg_0318

_mg_0374

_mg_0382

_mg_0449

_mg_0492

_mg_0523

Меѓународен  меморијалниот турнир во орентација „Пеце Атанасоски“, во организација на планинрското друштво „Златоврв“ и градот  Прилеп, започна викендов и  ќе трае  до понеделник кога ќе бидат доделни наградите на најдобрите натпреварувачи.

Mеморијалниот турнир во орентација „Пеце Атанасоски“ е дел од програмата на Прилеп за  одележувањето на националниот празник 11-ти Октомври, односно 75 години од антифашистичкото востание на македонскиот народ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.