Ракометарот Стојанче Стоилов и каратистката Пуликсенија Јовановска се прогласени за најдобри спортисти на Македонија во изборот организиран од Агенцијата за млади и спорт.
Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов кој уште еднаш со „црвено-црните“ стана европски шампион е прогласен за најдобар спортист на Македонија.
За најдобра спортистка е прогласена каратистката Пуликсенија Јовановска која го освои петтото место во категоријата кати на Европското првенство во Гвадалахара.
“Пред неколку години го добив оскарот за најдобра млада спортистка и ветив дека ќе бидам уште поуспешна, уште попосветена и уште поупорна во тоа што го правам. Сега стоејќи тука со овој оскар, можам да ветам дека ќе продолжам со исто темпо. Навистина сум среќна што сум дел од еден од најтрофејните спортови во нашата држава – каратето”, истакна Јованоска при добивањето на наградата.
Неодамна на манифестацијата “Вечер за жени во спортот”, во организација на граѓанската организација “Такт”, Пулексенија Јованоска беше избрана за најдобра спортистка во индивидуален спорт за 2019 година.