Светското чудо од дете, Индиецот Домараџу Гукеш, е новиот и досега најмлад светски шампион во шах. Со само 18 години ова момче, велемајстор од Индија, кој своевремено настапуваше за Шаховскиот клуб Прилеп, ги надмина рекордите на најпознатите светски имиња во историјата на овој спорт.
Своевремено Гари Каспаров (од Советскиот Сојуз) стана светски шампион на 22 години, исто како и Норвежанецот Магнус Карлсен.
Гукеш за Прилеп настапуваше на 15-годишна возраст кога одигра на Европскиот шаховски клупски куп во Струга.