Прилеп доби нов пpeтceдател на Општинcката избopна комиcиja – Иcтaкнат лик

Oпштинската изборна комисија во Прилеп доби ново раководство, откако на претходното му измина мандатот.

На местото на Каролина Шукуроска, за претседател на ОИК Прилеп е назначен Валентин Божиноски, актуелен советник во Советот на општина Прилеп од СДСМ, и началник на инспекторатот во УЈП Прилеп.

Божиноски беше и поранешен претседател на младите социјалдемократи во општина Прилеп и еден од најистакнатите активисти на партиското раководство во градот.

Сега доаѓа на челното место во ОИК Прилеп, каде пред него и новите членови и заменици стои првиот вистински предизвик, а тоа е спроведување на локалните избори закажани за октомври годинава.

Се поставува прашањето дали Валентин Божиноски беше свесно изоставен како делегат на ЦО во последните пет минути за да биде претседател на Општинска изборна комисија Прилеп?

Дали со овој потег, актуелниот пратеник и претседател на ОО СДСМ Прилеп, Миле Талески сака да му се оддолжи на Валентин Божиноски, бидејќи нема да може да биде на советничка листа?

Она што е интересно е тоа што, партиските неистомисленици шпекулираат и апелираат да се провери и имотниот лист на советникот и дали е нешто скриено и не пријавено во него?

Во продолжение погледнете го комплетниот нов состав на ОИК Прилеп:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.