Прилеп доби нов државен правобранител: Брат е на советник од СДСМ

Владата на Македонија синоќа во рамки на 19-тата седница под точката кадровски прашања, на предлог на Комисијата за именување и согласно добиеното позитивно мислење од Државниот правобранител на државата, именуваше државни правобранители во Државното правобранителство за подрачјето на Скопје, како и за градовите Куманово, Охрид, Струмица, Гевгелија, Велес, Штип, Кавадарци, Прилеп, Битола, Кочани, Тетово, Гостивар и Струга.

За државен правобранител во Државното правобранителство на Република Македонија за подрачјето на Прилеп го именува Киро Северкоски.

Инаку, Киро Северкоски е брат на советникот од редовите на СДСМ во Советот на општина Прилеп, Жарко Северкоски.

Новиот државен правобранител за подрачјето на Прилеп е адвокат по професија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.