Прилеп доби заменик Градоначалник, убав гест на родова еднаквост

Денеска градоначалникот Борче Јовчески свечено и го врачи решението на Ирена Стерјоска Локвенец со кое е назначена за заменик градоначалничка на Општина Прилеп во случаи на спреченост или отсуство, во согласност со постапката утврдена со статутот.

Во текот на вчерашниот ден, назначени се и четворица нови директори на ООУ “Гоце Делчев” е Снежана Котева, со ООУ “Добре Јованоски” ќе раководи Панде Николоска, нов директор на ООУ “Рампо Левката” е Жарко Бабаноски, а со ООУ “Круме Волнароски” во населеното место во Тополчани е назначен Дејан Бунтески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.