ПРИЛЕП ГО ОЧЕКУВА ГОДИНА НА ИНВЕСТИЦИИ ВО СПОРТОТ И СПОРТСКИТЕ ОБЈЕКТИ

Кога станува збор за инвестирање во иднината на една држава тука секако станува збор за вложување во младите, а со младите поврзано е образованието и спортот. Со средства и иницијатива од Локалната самоуправа а во соработка со МОН, АМС,ФФМ, Владата на РМ, приватниот сектор и други организации во изминативе години се изградија голем број на спортски објекти.

BeFunky Collage

Се изградија 4 нови спортски сали во вредност од 130 000 000,00 денари(2,1 милиони евра)-средства од МОН, Владата на РМ и ЕЛС Прилеп и тоа во СОУ Ристе Ристески-Ричко и ООУ Добре Јованоски имаме големи сали со трибини и сали без трибини во СОУ Ѓорче Петров и Кузман Јосифоски-Питу, додека постоечките спортски сали во ООУ „Гоце Делчев“, „Климент Охридски“, „Рампо Левката“ како и во СОУ „Орде Чопела“ и Гимназија „Мирче Ацев“ се целосно реконструирани во вредност од околу 7 500 000,00 денари-средства од Локална самоуправа, со тоа огромна придобивка имаат како учениците така и голем број на спортски клубови и ентузијасти кои ги користат овие спортски сали. Исто така се изградија две тениски игралишта и тоа во ООУ „Гоце Делчев“ и СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ во вредност од над 10 000 000,00денари-средства од АМС и ЕЛС Прилеп. Имаме ново повеќенаменско игралиште во СОУ Гимназија Мирче Ацев во вредност од 6 000 000,00денари- средства од АМС и ЛС.

sala d jovanoski

^11CAB9670FE6F76B4C6ECA732D76C782B73588817C9A3FA9D1^pimgpsh_fullsize_distr

^AC28AE8292F70EF8332CAEC4F8045F552F7A6037044B225792^pimgpsh_fullsize_distr

Изградени се и 5 терени со вештачка трева со вкупна површина од 2500м2 и тоа во ООУ Добре Јованоски како и населбите Рид, Точила, 11 октомври и на Могила во вредност од 3 000 000,00денари-средства од ЛС а се постави нов асфалт на спортското игралиште во СОУ Орде Чопела во вредност од шестотини илјади денари исто така средства од ЛС.

????????????????????????????????????

И приватните инвестиции не изостануваат во подобрување на спортската инфраструктура и атрактивност на градот. Благодарение на нив беше поставена балон салата во дворното место на ОУ „Блаже Конески“- која е приватна инвестиција, а во дворното место ОУ „Гоце Делчев“ овој пат од  градот Лозана од Швајцарија, беше донирана уште една балон сала. Се постави и вештачка карпа за качување во гимназијата Мирче Ацев за спортистите и љубителите на овој спорт.

^9025F94706D11E5CD948545BF9D3411A61A3A16F6E3A70FFB9^pimgpsh_fullsize_distr

Во соработка со МОН и ФФМ отворена е и спортска академија за фудбал во гимназијата Мирче Ацев каде учат и тренираат над 60 ученици од нашата и соседните општини.

Или вкупно во спортски објекти во училиштата се инвестирани ололу 160 милиони денари односно повеќе од 2,5 милиони евра.

Моментално се изведува уште еден капитален проект реконструкција на градскиот стадион „Гоце Делчев“, средства обезбедени од УЕФА преку ФФМ и Општинскиот фудбалски сојуз. Тука еден поголем удел ќе има и локалната самоуправа со што стадионот ќе добие нов терен, со дренажа, осветлување за ноќни натпревари реконструкција на трибините, покривање на дел од трибините, нови столчиња со што стадионот ќе добие услови за одвивање на меѓународни натпревари. Прво започнавме со теренот, па ќе следи осветлувањето, а последна фаза ќе биде реконструкција на самите трибини и соблекувални. Вкупна сума за изведба на проектот е 100.000.000 денари. Имаме два нови стадиони благодарение на Агенцијата за млади и спорт, тоа е стадионот на Могила и во населеното место Тополчани. Моментално се работи на стадионот во населено место Алинци и Канатларци, а после изградбата на тој стадион ќе започне реконструкција на стадионот во Големо Коњари. Ќе има осветлување на повеќе стадиони како Мало Коњари и Големо Коњари, Алинци и Канатларци за да може да се користат истите и во вечерните часови. Во меѓувреме во соработка со АМС се изгради и стадион со вештачка трева што е инвестиција во висина од 16.000.000 денари.

_MG_0156

^E36E829F696EE426FF18BE2EAFDD703419E892D925248D3E23^pimgpsh_fullsize_distr

Во изминатиот период Прилеп доби и две фитнес зони кај Могилата и кај стадионот со вештачка трева а вкупната инвестиција за двете е 3.000.000 денари.

^352E9A443C70D3785EE094E7D71E62D9E8B5E4443A85D41054^pimgpsh_fullsize_distr

Прилеп подолг временски период го негува тој т.н. алтернативен спортски туризам. болдеринг, параглајдинг за кој е изградена и платформа за полетување, планински ултрамаратон, маунтбајк, планински велосипедизам. Овие екстремни спортови за годинава ги завршивме со манифестацијата „Prilep extreme weekend“ каде се одржа првото македонско трофи со џипови за кое се изгради комплетно нова мото крос патека, а за сите скејтери се изгради и скејт парк кај сала Македонија за кој инвестиијата изнесува 1.230.000 денари.. Во иднина патеките кај Лагово планираме да прераснат во еден поголем мото полигон или Центар каде ќе се изведуваат повеќе активности. Прилеп ги има најдобрите услови за параглајдинг во светот со неколку официјални места за полетување, меѓу кои е најатрактивно новото полетувалиште кај манастирот Трескавец.

Вкупно инвестирани средства: 123.000.000 денари или 2.000.000 евра.

Prilep Open 2016

1

????????????????????????????????????

12

^0A29A707533F9A3360E504EA1FC30254FDFECBCFDC5A0609AB^pimgpsh_fullsize_distr

Во соработка со Министерството за образование имаме најава во наредниот период да започне изградба на уште три нови спортски сали во основните училишта „Кире Гаврилоски“, „Кочо Рацин“ и „Блаже Конески“. Со тоа ќе се заврши еден голем процес на изградба на спортски сали во Прилеп, вкупно 7.

Оваа година ќе се изгради ново повеќенаменско игралиште и во ООУ „Кирил и Методиј“ во Канатларци проект на АМС и ЕЛС Прилеп, проект вреден 6 000 000,00денари(100 000,00евра).

Ќе биде изградено и ново повеќенаменско игралиште во Рампо Левката 4 000 000,00.

^BC6BF717983AF178AA99C5A5B7161E58B8D36B8B157E135C1C^pimgpsh_fullsize_distr

Ќе биде изградено и ново повеќенаменско игралиште во Рампо Левката 4 000 000,00.

Реконструкција на спортско игралиште во ООУ „Гоце Делчев“ 2.000.000 денари, а ќе биде направена и целосна реконструкција на спортското игралиште во ООУ „Климент Охридски“ во вредност од 3.000.000 денари, со што ќе се добијат 4 нови повеќе наменски игралишта.

Исто така ќе се постави и вештачка трева на неколку игралишта и тоа во гимназијата „Мирче Ацев“, ОУ „Кочо Рацин“ и во дворот на студентскиот дом „Орде Чопела“. Ќе се добијат вкупно три нови игралишта со вештачка трева.

На почетокот од 2017 ќе се изгради и третата фитнес зона во градот, во населбат Точила, во соработка помеѓу Општина Прилеп и здружение на извидници Феникс.

Ќе се постави игралиште за мини голф на Могилата.

^8197134211984FB6876A8A0FFA77E64C6493C1B44820B49FCF^pimgpsh_fullsize_distr

Ќе се реконструира и игралиштето во Металец, со што Прилеп ќе добие современ тренинг центар за фудбал. Проектот е во изработка во иднина ќе се започне со негова реконструкција и прилагодување.

Оваа година ќе бидат изградени и нови паркови во комбинација со детски игралишта и поставување на пинг – понг маси во истите паркови, на повеќе локации во градот и населените места.

Изградени и осветлени ќе бидат и стадионите во Мало Коњари, Големо Коњари, Канатларци и Галичани.

Ќе се изградат и пет баскет игралишта во соработка со Агенцијата за млади и спорт и тоа во населбите: Бончејца, Точила, типски куќи, во населбата Под Кули и во близина на паркот на Могилата.

_MG_6363

А во соработка со бизнис секторот ќе се потрудиме да го збогатиме мото паркот во лагово со нови содржини и тоа маутинг бајк патека, картинг патека, пеинт бол игралиште како и угостителски објекти. Исто така во соработка со бизнис секторот преку јавно приватно партнерство ќе се обидеме да ја изградиме и источната трибина на градскиот стадион „Гоце Делчев“.

Преку претходно средување на планската документација, од страна на Општината се овозможи нова приватна инвестиција – Аква парк во близина на Могилата, оваа година ќе биде готов што значи не само јавни, ние поддржуваме и приватни инвестиции за збогатување на спортската инфраструктура.

_MG_6353

Со ова, Прилеп покажува како општина дека не само со средства од Буџетот на општината и државниот буџет, туку  исто така е успешен во искористување на средствата и од разни донатори од пријателски општини од други држави.

Во соработка со Владата на РМ и АМС по средување на имотно правните односи е планирана реконструкција на градскиот базент и спортскиот комплекс Маркови Кули, инвестицијата ќе чини 5 милиони евра.

Реконструкција на спортската сала Македонија 1,5 милиони евра.

Во 2017 година ќе продолжиме со поддршка на училишниот спорт и други спортски манифестации како и организирање на веќе традиционалниот турнир во мал фудбал во чест на Св.Никола.

_MG_6325

А во континуитет ќе се продолжи со поддршка на спортските клубови и настани. и оваа година се надевам доколку има интерес да се формира ракометна академија која ќе функционира во состав на гимназијата Мирче Ацев.

 

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.