Црвено-жолтата боја на стотици македонски знамиња и вечерва го обоија херојски Прилеп.
Лошото и дождливо време одново не беше причина за илјадници храбри Македонци да излезат низ градските улици и да се спротивстават на платформата креирана во туѓа држава.
“Заедничка Македонија” е желбата на овие мирни протести. Само Македонија во која нема да се погазуваат честа и достоинството на Македонците ќе значи дом за сите.
Вечерва пред прилепчани со свои говори настапија чуварите на македонскиот јазик, професорите по мајчин јазик, кои ги растреперија срцата на граѓаните.
A.Г.