“Прилеп ги бојкотираше поддржувачите на двојазичноста и Северна Македонија? Очајна посетеност на трибината денес?”

Околу 300-500 граѓани на Прилеп денеска ја проследија трибината на министрите Оливер Спасовски, Никола Димитров и градоначалникот Илија Јованоски на просторот околу Градскиот часовник.

Имајќи во предвид дека СДСМ на ланските локални избори доби над 23.000 гласови, ова е дебакл пред престојниот референдум на 30-ти септември.

Се чини прилепчани му го вртат грбот и не даваат поддршка за референдумот за промена на државното име.

Министрите и градоначалникот денеска одново ги убедуваа присутните дека треба да гласаат и да поддржат промена на името на државата во Северна Република Македонија.

Јованоски им порача на своите сограѓани дека со договорот со Грција сме имале историја, иако историјата со договорот ќе се ревидира.

На трибината се обрати и универзитетскиот професор Никола Дујовски.

ФОТО: https://www.facebook.com/prilepzaevrospkamakedonija/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.