Прилеп втора година по ред е домаќин на меѓународниот Поштенски маратон

?

Градот Прилеп втора година по ред е домаќин на меѓународниот Поштенски маратон. Како и минатата, така и оваа година маратонот е под покровителство на „Македонска пошта АД“ и Општина Прилеп.

?

„9-ти октомври е светскиот ден на Поштите и одржувањето на Поштенскиот маратон всушност претставува вклучување на „Македонска пошта“ во меѓународното одбележување на Поштенскиот ден. Со него сакаме да ја подигнеме јавната свест за здравиот начин на живот како и за популаризирање на маратонското трчање и поштенската дејност кај нас“, посочија   организаторите и додадоа дека одборот на маратонот одлучи годинешната целокупна стартнина уплатена од страна на учесниците да биде донирана на фондот за помош на поплавените подрачја во Македонија, со што „Македонска пошта“ и целокупната заедница на тркачи на долги стази се вклучува во хуманитарните активности насочени кон ублажување на последиците од катастрофалната поплава која зафати неколку подрачја во Македонија.

?

 

?

Градоначалникот Марјан Ристески ги поздрави присутните и настанот, кој во градот се случува по втор пат и посочи дека градот под Марковите кули од година во година станува се по препознатлив по развојот на екстремните спортови и на сите учесници кои се пријавија на поштенскиот маратон им посака многу среќа.

?

?

?

Годинешните трки беа организирани во три различни категории од 5 км. (трка), 21 км. (полу-маратон) и 42 км. (маратон), а еден месец пред одржувањето на маратонот официјални претставници на најголемата асоцијација за маратони во светот, „Асоцијацијата на интернационални маратони и трки на далечина“ (AIMS- Association of International Marathons and Distance Races) ја сертифицираа патеката на Поштенскиот маратон, по што тој ќе биде и нејзин официјален член.

Со ова Поштенскиот маратон ќе биде поставен на листата на светски познатите маратони и ќе привлече маратонци од целиот свет.

?

 

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.