Со гордо кренати глави и цвет во рацете, синоќа голем број прилепчанки го водеа мирниот протест “За заедничка Македонија” во Прилеп.
Жените на градот херој со јуначки чекори ги предводеа останатите граѓани, кои ниту лошите временски неприлики и дождот не ги поколеба масовно да излезат во одбрана на унитарноста на државата.
Прилепчанки и во минатото ги красела храброст и посебен патриотизам, а тоа секогаш го докажале кога се работи за одбрана на својот дом и својата татковина.
А.Г.