Ката тимот на Австралија во состав на сестрите близначки Маријана и Мишела Димоски, заедно со Кириана Камческа, стигнаа до бронзениот медал на К1 Премиер Лигата 2018 за сениори во Шангај.
Девојките забележаа победа против Италија и тесен пораз за финале против Шпанија, а во мечот за трето место буквало го прегазија тимот на Грција.
Со 5:0, тројката од Прилеп, одново се искачи на пиедесталот и доби уште едно големо одликување на меѓународна сцена.
Нивните успеси гарантираат само едно – најдоброто од овој тим допрва доаѓа, Маријана, Мишела и Кириана уште долго ќе нижат успеси, а ние сите заедно ќе ги бодриме и ќе веруваме во нив.