Билјана Станковиќ е прилепчанка која живее и работи во Љубљана Словенија од 2001 година. Сопственик е на детски едукативен центар во Љубљана, што нуди дневно чување на деца на возраст од 2 до 10 години. Центарот располага со програми за учење на повеќе спортови, учење на странски јазици, и сето тоа преку игра, музика, креативни работилници и забава. Повеќе за овој Детски центар можете да најдете на интернет страната www.little-stars.eu
Oваа година пред Велигден на 27.04.2016, Билјана организираше Велигденска работилница за децата со посебни потреби во ООУ “Климент Охридски” во Прилеп. Изработените уникатни ракотворби од дечињата се продаваа на “Велигденскиот панаѓур” во истото училиште наредниот ден.
“Посебна чест и големо задоволство ми претставува што можам дел од моите искуства во работата да ги пренесам во својот роден крај Прилеп и се надевам дека оваа соработка ќе стане традиција. Децата се наше најголемо богатство и иднина, затоа вреди да се потрудиме и да ја насочиме нашата љубов и енергија кон нив”, истакна Билјана после работилницата.
Сите изработки од децата беа продадени на панаѓурот, а соработката ќе продолжи и понатаму.