Прилепчанка киднапирана два месеци, силувана и малтретирана

123123

Во текот на вчерашниот ден, Н.М. успеала со вилушка да ја отвори вратата од куќата каде била затворена и со автостоп стигнала до Кичево каде во полициската станица го пријавила кривичното дело, соопштуваат од СВР Охрид.

Кичевската полиција утрово го приведе 55 годишниот Р.Л. од кичевското село Колибари, поради сомение дека ја киднапирал 39 годишната Н.М. од прилепското село Јакренево и два месеци ја држел во својот дом. Притоа, физички ја малтретирал и ја силувал.

Јавниот обвинител му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

-Лицето е приведено откако вчера околу 18 часот, во полициската станица во Кичево, против него е поднесена пријава од страна на Н.М. (39) од прилепското село Јакренево. Таа пријавила дека Р.Л. пред околу два месеца ја лишил од слобода и била присилно чувана во неговата куќа во Колибари. Во тој период, според зборовите на пријавителката била физички малтретирана и силувана. Во текот на вчерашниот ден, Н.М. успеала со вилушка да ја отвори вратата од куќата каде била затворена и со автостоп стигнала до Кичево каде во полициската станица го пријавила кривичното дело, соопштуваат од СВР Охрид.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.