-На 28.01.2025 во 13.10 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Трајко Тарцан“ во Прилеп, патничко моторно возило „ренџ ровер”со англиски национални ознаки, управувано од Д.М.(45) од Прилеп, удрило во Д.Б.(69) од Прилеп.
Во несреќата Д.Б. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп.
Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп – информираат од МВР.