Прилепчанка е добитничка на наградата “Златен Орикс”, за најдобар млад џез музичар

Басистката Андреа Мирческа е добитничка на наградата „Златен Орикс“, за најдобар млад џез музичар која трета година по ред ја доделуваат „Скопје Џез Фестивал“ во соработка „Катар Ервејс“ – објави “Радио МОФ”

Андреа Мирческа е родена 1998 година во Прилеп. Завршила средно музичко училиште во Битола. Студира џез контрабас, апсолвентка е на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професорот Кирил Туфекчиевски. Повремено свири со Летечки пекинезери, била дел од Мјузик митинг Сараево во склоп на Џез фест Сараево.

Гостува на неколку концерти на Јордан Костов Трио (со Марко Боско – перкусии и Маки Хачиyа – вокал и пијано). Дел е од најновиот авторски проект „Шамба“ на гитаристот Бојан Петков. Редовно настапува на клупски џез свирки во Скопје и низ земјата. Вклучена е и во повеќе уметнички проекти: ГОДО, Танго Ритмо, ЗиБомбхЛабаво&Фанки и други.

Наградата ќе се додели вечерва во 20 часот во МКЦ Клуб и Ресторан, придуржено со коктел забава и музички настап во живо.

Извор: “Радио МОФ”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.