Прилепчанка дел од филмското жири на реномираниот фестивал “Сараево филм”

10270_posebna_ces_da_s_ebide_na_saraevo_film_fest

Емилија Чавлеска е дел од 22 издание на Сараево филм фестивал. Нашата сограѓанка, член на МДС, е учествува како дел од младинското жири за играни југословенски филмови на еден од најпознатите интернационални филмски фестивали на Балканот.

– Да се биде жири е огромно стекнато искуство и одговорност да се избере најдобриот филм. Се сретнав со многу балкански, европски, но и светски ѕвезди како што е Роберт Де Ниро. Проследив светски претпремиери и премиери од палетата на балканската, европската и светската кинематографија, покрај југословенските филмови. Тргнувајќи од организацијата, гостите и градот уште го држат трагите од војната, воодушевена сум од престојот – вели Чавлеска.

Таа додава дека била дел од младинска размена на проект во Кршко, Словенија, во кој главните цели биле да се зголеми свеста за главните теми околу ЕУ и да се вклучат повеќе млади со физичка и ментална попреченост во разни активности.

Извор: НЕДЕЛНИК ЗЕНИТ

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.