На 18.08.2023 во 10.00 часот во СВР Скопје, Ј.Ш. од Прилеп пријавила дека на ул. „Козле“ во Скопје го пронашла починат нејзиниот татко З.Ј.(62). Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција – информираат од МВР.