Прилепчанката Пулексенија Јованоска утре ќе атакува на бронза од Европското првенство во Шпанија

Емил Павлов ќе се бори бронзениот медал на Европското првенство во карате за сениори во Гладалахара – Шпанија, откако во полуфиналето загуби од Русинот Евгени Плахутин со 0-2.

Покрај Павлов и Пулексенија Јованоска ќе излезе на мегдан за бронзата во кати.

Јованоска на шампионатот во Гвадалахара – Шпанија, во првиот круг беше прва во четвртата група, потоа трета во втората фаза и во третата фаза, кога се одлучуваше за борбите за распределба на медалите таа беше трета, a пред неа беа големата фавoритка за златниот медал Сандра Санчез од Шпанија и Дилара Елтемур.

Утре Емил Павлов (-60 кг) во борби и Пулексенија Јованоска во кати ќе се борат за бронзен медал на ЕП. Натпреварите се од 9:30 до 11:30 часот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.