На изборното првенство во борење за кадети, членката на Боречкиот Клуб “7-ми Мај” од Прилеп, Барбара Стојкоска го освои првото место, совладувајки ја балканската вицешампионка Бојана Лазаревска од БК “Безбедност” од Скопје.
Со оваа победа Барбара си го осигура местото во кадетската репрезентација на Република Македонија, на престојните медитерански игри во Лутраки, Грција, како и учество на Европското и Светското првенство за кадети.
Ако се земе во предвид дека наредниот викенд 25.01. во Прилеп е изборниот шампионат за пионери, на кој Барби е апсолутен фаворит, тоа значи дека Барбара оваа 2020 година, ќе настапи на 2 Европски првенства, 2 Балкански првенства, медитерански игри и Светско првенство за кадети.