Прилепчани ќе можат да погледнат нешто спектакуларно и несекојдневно

Ве известуваме дека Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ – Прилеп на ден 23.11.2019г., сабота, ќе врши технички тренинг (вежба) – спуштање и извлекување на лица од висококатната зграда „Кула 13- катница“ во Прилеп.

Активноста опфаќа користење на техниките на единечно јаже (single rope techniques), традиционално користена при спелеолошки активности и спасувања во пештери, и нејзина примена во урбана средина.

Целта е увежбување на нашиот тим за подготвеност за спасување / извлекување лица од слични објекти (непристапни локации во урбана средина), за што техниките на единечно јаже се најсоодветни.

Вежбата е дел од активностите на СК Златоврв – Прилеп за подобрување на подготвеноста за спасување на лица од непристапни средини – стои во соопштението на клубот од Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.