Прилепската екипа Мега Баскет синоќа забележа убедлив триумф над вториот тим на МЗТ Скопје и ги задржа шансите за пласман во плеј-оф разигрувањето во Втората кошаркарска лига.
Во спортската сала во “ДОБРЕ”, скопјани беа поразени со 72 -61, а голема заслуга за тоа има мотивираноста на момците да направат резултат во клучни моменти, како и поддршката на прилепската спортска јавност, која верува дека Прилеп е подготвен после долги години да довие прволигаш.
Стевананџија постигна 16 поедни, Велески 19, а одлични беа и Јованоски со 14, како и Настески со 12 поени.
Во последното коло од регуларниот дел од сезоната, Мега Баскет игра со вториот тим на Работнички, екипа која е далеку послабо рангирана од прилепчани, па реално е да се очекува уште еден триумф, и пласман во плеј-оф разигрувањето.