Прилепчани убедливи на Државното првенство во борење: Се вратија со 4 златни и 3 сребрени медали (Фото)

На Државното првенство во борење за сениори и сениорки до 23 годишна возраст, кое вчера се одржа во Радовиш, Боречкиот клуб “7-ми Мај” од Прилеп забележа огромен успех.

Во машка конкуренција до 61кг, Стефан Стојаноски го освои второто место, а во женска конкуренција 50кг, Елена Најдоска заврши како второпласирана, додека Михала Богеска го освои првото место до 53кг.

Исто така Елена Најдоска освои и второ место до 57кг, Михаела Тодороска беше прва до 62кг, Тамара Ковилоска стигна до второто место до 65кг, Христина Ристеска прва, а Стефанија Перканоска го освои првото место до 68кг.

Со овие резултати во женска конкуренција (4 златни и 3 сребрени медали), БК “7-ми Мај” го освои и убедливо првото место во екипна конкуренција.

Честитки за нашите прилепчани кои се вистински спортски амбасадори на градот, и им посакуваме уште поголеми успеси во иднина!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.