Прилепчани стигнаа до вториот триумф сезонава: Совладан РК Скопје на гостински терен

Екипата на РК Прилеп освои нови три бода вечерва на гостувањето во салата од СЦ „Борис Трајковски“. Во рамките на 4. коло од Супер лигата, со 30:29 совладан е домашниот тим на РК Скопје.

Уште во првото полувреме гостинските ракометари имаа сигурно водство од 5 разлика (13:8), а на одмор се замина со 3 разлика (18:15).

Се до средината од второто полувреме РК Прилеп го одржуваше водството, за во финишот домашните да се приближат на 27:28.

Следеа 2 гола за гостите и тука е решен победникот, бидејќи на крајот, иако скопјаните постигнаа 2 гола и го имаа последниот напад, 2 секунди не беа доволни за израмнување. Така 29:30 и заслужен триумф на РК Прилеп.

Екипата на тренерот Горан Кузманоски има 2 пораза и 2 победи, и со 6 бода го чека следниот дуел од 5.коло, дома, со битолски Еурофарм Пелистер 2.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.