По победите на гости кај Радовиш и дома против Скопје, ракометарите на РК Прилеп забележаа тесен пораз на гостувањето против Струга, и со 20 освоени бода го дочекуваат утрешниот натпревар, против претпоследната екипа во плеј-аут сегментот на Супер лигата, РК Јуниор од Кисела Вода.
Со триумф прилепчани со сигурност ќе го запечатат опстанокот во најелитното ракометно друштво кај нас, а за тоа ќе имаат потреба од што поголема поддршка од ракометните вљубеници.
Натпреварот против гостите од Скопје се игра со почеток од 18:30ч во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко”.
Да ги поддржиме нашите ракометари за на две кола до крајот на сезоната обезбедат опстанок во Супер лигата.