Прилепчани со огромна поддршка на маршот од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Прилеп одржа масовен про тестен марш на кој им се приклучија повеќе илјади граѓани. Маршот го предводеше лидерот на партијата Христијан Мицкоски, кој одржа говор пред општинската зграда.

Мицкоски потсети на сите нереализирани ветувања од актуелната власт, но и од градоначалникот на Прилеп, кој го нарече најнеспособниот во цела Македонија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше и за зголемувањето на даноците, тешката економска состојба и изгубената перспектива во државата.

Тој одново ги испорача шестте барања кон власта, меѓу кои и оставка на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а побара и власта да ја почитува одлуката на граѓаните од одржаниот референдум на 30-ти септември.

Прилепчани го поздравуваа со овации и бараа оставка од Владата.

Мицкоски потенцираше дека наскоро ВМРО-ДПМНЕ ќе излези со својата понуда пред граѓаните, како и тоа дека првиот пораз на СДСМ на престојните претседателски избори, ќе значи и чекор кон предвремени парламентарни избори.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.